Еден од најважните фудбалери на Леверкузен потврди: Наредното лето заминувам!

Дефанзивецот Џонатан Тах кој е еден од најважните во тимот на Баер Леверкузен летово се поврзуваше со заминување од германскиот гигант, но на крајот остана во тимот предводен од Чаби Алонсо

Сепак, во својата последна изјава за медиумите 28-годишниот фудбалер потврди дека нема да го продолжи договорот и ќе си замина во летото кое следи без оштета.

„Во Леверкузен сум девет години, имавме многу подеми и падови. Врвот дефинитивно го достигнавме во минатата сезона кога ја освоивме Бундеслигата. Ако потпишам нов договор би играл во Баер и по 30 години, а кариерата на еден фудбалер е кратка и ја сакам да доживеам ново искуство. Немам дилеми дека следното лето ќе започнам некоја нова авантура. Секогаш сум отворен, затоа и уште сега го кажувам мојот план. Во меѓувреме, сезонава како и секогаш ќе го давам својот максимум“, изјави Тах.