Еден од најдобрите голгетери во историјата му кажа „збогум“ на фудбалот

Вториот најдобар стрелец во историјата на Пари Сен Жермен, Едисон Кавани преку социјални мрежи потврди дека заминува во играчка пензија

Кавани се повлекува како фудбалер на Бока јуниорс на 38-годишна возраст. Во својата богата кариера настапуваше за матичниот Данубио, а потоа стана легенда на Палермо и Наполи, каде што во Италија помина шест години.

Следуваше трансферот на кариерата во ПСЖ во летото 2013 година за 64,5 милиони евра. Во Париз мина цели седум години, ги освои сите можни трофеи, освен Лигата на шампионите. Вкупно за тој период постигна 301 гол и долго време беше на врвот на листата стрелци во клупската историја за потоа да го помине Килијан Мбапе кој во Париз застана на 308 погодоци. ,

Подоцна во кариерата, Кавани го носеше дресот уште на Манчестер јунајтед и Валенсија, пред да се пресели во Бока. За репрезентацијата на Уругвај одигра 136 натпревари и постигна 58 голови.

Вкупно во кариерата, Кавани е на бројка од 745 натпревари во кои постигна 404 голови и запиша 79 асистенции.