Ѕвезда на Челси ѝ откажа на Аргентина поради повреда!

Аргентинската фудбалска репрезентација остана без услугите на ѕвездата на Челси, Енцо Фернандез за пријателскиот меч против Ангола закажан на 14 ноември.

Фернандез соопшти дека мора да го пропушти собирот на „гаучосите“ затоа што има проблеми со коленото.

„Нема да бидам достапен за Аргентина, зборував со медицинскиот тим затоа што имам проблем со коленото веќе четири месеци. Решивме заедно дека е најдобро да одморам. Ме чекаат многу натпревари, а најважно е да бидам подготвен за следните предизвици“, кажа Фернандез.