Два гола и асистенција број 400 на Меси, Интер Мајами е во четвртфиналето (ВИДЕО)

Екипата на Интер Мајами обезбеди пласман во четвртфиналето од МЛС плејофот откако ноќеска, во „мајсторката“ го прегази Нешвил со 4-0 и со вкупни 2-1 се пласира во следната фаза од плејофот.

Очекувано, херој на тимот од Флорида беше Лионел Меси кој учествуваше со два гола и асистеннција во триумфот на својот тим. Поради суспензија не настапи Луис Суарез, но аргентинскиот ас повторно ги презеде работите во свои раце и покажа дека е апсолутно најдобар играч во МЛС оваа сезона.

Резултатот го отвори уште во десеттата минута, а во 39. зголеми на 2-0 со што Интер Мајами заврши повеќе од половина од работата. Во вториот дел два пати погоди Аљенде, еднаш на додавање на Алба, а потоа на Меси со што аргентинскиот репрезентативец стигна до бројката од 400 асистенции во кариерата. Рекордер во оваа категорија е Ференц Пушкаш со 404, па нема сомнение дека Меси до крајот на кариерата ќе го надмине. Освен тоа, му недостасуваат уште шест гола за да стигне до бројката од 900, многу побрзо од Кристијано Роналдо. Оваа сезона, на пет натпревари Меси му даде вкупно десет гола на тимот на Нешвил.

Во следната фаза, Интер Мајами ќе игра со Синсинати на домашен терен, а за разлика од првата фаза во плејофот, до крајот ќе се игра на само еден натпревар.

 

Cup tree provided by Sofascore