Џердан Шаќири остана без клуб

Ветеранот Џердан Шаќири остана без клуб откако американскиот Чикаго Фајр објави дека постигнале спогодбен договор за раскин на соработката.

Во дресот на овој клуб 32-годишниот Шаќири одигра 75 натпревари во кои постигна 16 гола и подели 20 асистенции, а пристигна во февруари 2022 година од француски Лион.

Клубот разделбата со Шаќири ја потврди на социјалните мрежи, а се огласи и Шаќири кој потврди дека ќе бара нов предизвик.

„Сметам дека ова е вистински момент да побарам нов предизвик“, изјави Шаќири.

Неодамна Шаќири се повлече од репрезентацијата на Швајцарија.