Две легенди на Арсенал во битка за позицијата спортски директор
Пред пет години Еду пристигна во Арсенал како технички директор, а од пред две години премина на функцијата спортски директор. Во кариерата Еду играше за Коринтијас, Арсенал и Валенсија, а за Бразил собра 15 настапи.
Раководството на клубот веќе тргна во потрага по негов наследник, а според информациите во конкуренција се добро познати имиња за навивачите.
Двајца кандидати се Пер Мертезакер и Томаш Росицки. Со Росицки челниците на клубот наводно веќе ги оствариле првите разговори и наскоро тоа би требало да се случи со Мертезакер.
Росицки од 2018 година е спортски директор на Спарта Прага, додека Мертезакер со години е дел од младинскиот погон на Арсенал.