Двајца навивачи загинаа во Чиле, едниот имал само 13 години (ВИДЕО)

Ноќешниот меч од јужноамериканскот Копа Либертадорес, меѓу Коло Коло од Чиле и Форталеза од Бразил е прекинат на 20-тина минути пред крајот откако група маскирани лица влегоа на теренот.

Нивниот потег, сепак, не беше без причина бидејќи тие со ова сакаа да го демонстрираат својот гнев од она што се случило надвор од стадионот. На натпреварот му претходеше жестока пресметка меѓу навивачите на домашниот тим и полицијата при што имало и две жртви.

Полицајците фрлиле солзавец, а при нивната интервенција е прегазена 18-годишна девојка и уште едно 13-годишно момче кое починало подоцна в болница.

 

 

Во соопштението од КОНМЕБОЛ, вината се префрла на организаторот кој не обезбедил соодветни услови што значи дека Коло Коло го чека тешка казна.