Докторот оди на суд: Марадона ја удрил главата пред да умре, не бил ни прегледан...
Адвокатот за телевизијата „ТН“ кажа дека Марадона на 17 ноември паднал и ја удрил главата, а притоа не бил испратен на скенирање со магнетна резонанца или компјутерска томографија и тоа била грешка на личниот доктор на еден од најдобрите фудбалери во историјата.
Според зборовите на адвокатот, Марадона имал забрзан пулс и уште некои проблеми на кои никој не посветил внимание.
„Марадона имаше 115 отчукувања на срце во минута, а пред смртта дури 109. Сите знаеме дека пациент со срцеви проблеми не смее да има повеќе од 80 во минута. Докторот не му посветил доволно внимание, а не му ни препишал соодветни лекови“, вели адвокатот.
Обвинителството во Буенос Аирес почна истрага поради смртта на Марадона на 25 ноември, а поради тоа докторот оди на Суд и притоа му беа одземани телефони и други документи од неговата клиника.