„Диего сакаше да умре, беше осамен и уморен од сѐ“

Еден од најголемите фудбалери на сите времиња Диего Армандо Марадона нѐ напушти на 60-годишна возраст пред два дена и синоќа беше закопан во Бела Виста покрај своите родители, а целиот свет со солзи го испрати легендарниот фудбалски велемајстор во вечноста.

Стефано Чечи, еден од најблиските пријатели на Марадона и негов менаџер, срцепарателно откри после погребот дека Марадона одамна бил осамен, а разединетоста во семејството практично го 'убила', па аргентинскиот фудбалски Бог бил уморен од сѐ и практично сакал да замине од овој свет.

„Малку пред смртта, Диего како да се предаде. И физички, а и психички. Мислам дека веќе се умори и препушти смртта да го направи своето. Не му беше повеќе до живот. Поради семејниот хаос, никогаш не го најде својот мир. И сега, кога е мртов, тие (семејството – н.з.) си ги кубат косите едни на други. Ако ништо друго, сега макар е со тие што највише ги сакаше – неговите родители. Диего конечно го најде својот мир“, вели Чечи.

Менаџерот и многу блискиот пријател на Диего, посочува дека Марадона никогаш во својот не бил среќен, без оглед на фудбалските успеси во кариерата кои го издигнаа во легендите после светската круна со Аргентина и „скудетата“ со Наполи.

„Диего секогаш беше сам. Луѓето на него мислеа само како Марадона. Диего престана да биде Диего кога наполни 17 години. Потоа му беше тешко да го носи бремето на славата на својот грб, беше многу чувствителен, многу несигурен, а ненаметлив и секогаш со ведар дух. Јас имам само најубави спомени со него. Сега викаат дека е отворена истрага за смртта на Диего, дека таа можела да се спречи, ама тоа е приказна која практично требаше да се примени во текот на целиот негов живот“, додава Чечи.