Детенце предизвика овации среде Брисел само затоа што носеше - хрватско знаме! (ВИДЕО)
На видеото се гледа како трочлено хрватско семејство се шета низ Брисел, напред таткото и детето, назад мајката снима. Детето носи хрватско знаменце во раката, па кога дојдоа во дел од улицата со повеќе кафулиња и маси наоколу и кога беше невозможно некој да не ги забележи, почна еуфоријата.
Прво како аплауз и викање за одобрување, а набргу како овации на стадион сите го поздравија детето само затоа што носеше хрватско знаме. Ваква реклама не купуваат ни милиони евра.