Дешан во проблем, се повреди стандарден репрезентативец на Фрација
Во финалето на Лигата на шампионите се повреди дефанзивецот на Арсенал, Вилијам Салиба, еден од клучните играчи на француската репрезентација, поради што неговиот настап на турнирот е доведен во прашање.
Според достапните информации, Салиба би требало да паузира околу три недели, што го загрозува неговото учество, а речиси сигурно ќе ја пропушти групната фаза. Се наведува дека стоперот и пред финалето имал проблеми со повреда, но сепак одлучил да „стисне заби“ и да настапи во битката за европскиот трофеј. Таквиот настап, се чини, дополнително ја влошил неговата состојба и би можел да го чини настап на најголемото репрезентативно натпреварување.
Отсуството на Салиба би бил голем удар за Франција, со оглед дека станува збор за стандарден стопер и еден од најсигурните дефанзивци во светот во овој момент.
Во случај да не биде подготвен, Дешан ќе мора да бара друго решение во последната линија. Како можни замени се споменуваат Дајот Упамекано, а во конкуренција се и Ибрахима Конате, Максенс Лакроа и Жил Кунде.
Фото: Équipe de France de Football