Чесите одбија да клекнат пред мечот со Велс: Ние не сме заинтересирани за политика! (ФОТО)

Вечерва во квалификациите за Светското првенство (СП) играат Велс и Чешка, а Чесите одбија да клекнат како нивните ривали со цел да дадат поддршка против расизмот, односно на „Црните животи се важни“, а тоа доби пофалби од јавноста во Чешка.

Пред натпреварот играчите на Чешка покажаа со прст кон логото на кампањата на УЕФА, која е против секаков вид на дискриминација, а не само расизам.

„Раководството на нашиот национален тим и Фудбалскиот сојуз сакаа да покажат дека се оградуваме од било каква политика. Решивме да не клекнеме откако се консултиравме сите во репрезентацијата“, кажа портпаролот на чешката фудбалска репрезентација.

El. MŚ 2022: Walia - Czechy 30.03.2021 Podobny obrazek chcemy widzieć jutro na Wembley. Brawo Czesi!

Posted by Stadionowi Oprawcy on Tuesday, March 30, 2021