Чави го одигра последниот натпревар во кариерата

Легендарниот шпански фудбалер Чави (39) денеска го одигра својот последен натпревар во својата кариера. Тој настапи за својот Ал-Саад на гостувањето кај Персеполис во рамки на Азиската Лига на шампиони. 

Тој официјално ќе се прости од фудбалот со пораз од 2-0. Шпанецот ја завршува кариерата и веднаш ќе се обиде во тренерските води, но најверојатно не во некој голем клуб.

Чави 17 години беше дел од Барселона, каде ги направи и првите фудбалски чекори, а од 2015 година игра за Ал-Сад од Катар. 

Со Барселона освои осум шампионски титули во Ла Лига, четири пати Лигата на шампиони. Со Шпанија ги освои Европското и Светското првенство.