Бугарија остана без селектор по скандалот со Англија

Бугарскиот селектор Красимир Балаков си даде оставка од функцијата по катастрофалниот пораз во квалификациите за Евро 2020 од Англија со 0-6 и срамното однесување на бугарските навивачи на мечот во Софија, поради што оставка си даде и претседателот на Бугарскиот фудбалски сојуз, Борислав Михајлов.

Бугарските медиуми објавија дека Балаков решил да се повлече, иако Сојузот уште не ја потврдил одлуката, па ја заврши својата петмесечна авантура на кормилото на нашиот сосед.