Бивша ѕвезда на Јунајтед заразена со Ковид-19!

Иако бројот на заразени со коронавирус во Кина во последните 10 денови драстично се намали, сепак опасниот вирус не е целосно искоренет од земјата.

Тестот на Маруан Фелаини е позитивен. Поранешниот фудбалер на Евертон и Манчестер јунајтед,кој настапува за Шандонг Луненг стигна на 20 март, кога бил и тестиран.

Два дена подоцна било потврдено дека 32-годишниот фудбалер е позитивен на Ковид-19, што значи дека фудбалското првенство во Кина најверојатно нема да почне повторно.