Биелса се враќа на селекторската работа - ќе води и трета селекција од Јужна Америка

Марсело Биелса по третпат ќе биде селектор и тоа на трета различна репрезентација, тој е во завршни преговори со Уругвај.

Биелса во минатото беше селектор на Аргентина и Чиле, а сега информациите велат дека е многу блиску до договор со Уругвај.

Преговорите меѓу двете страни се одвиваат одлично, и наскоро се очекува да си подадат рака.

Договорот на Биелса со Уругвај би бил до крајот на следното Светско првенство.