Барса прави изненадувачки трансфер во последниот ден - на позајмица го носи Амрабат

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Барселона планира денеска да договори позајмица на Софијан Амрабат, кој имаше одличен настап на мундијалот во Катар и се најде во најдобриот тим на СП 2022.

Барселона овој месец беше прилично мирна на трансфер пазарот, но работите можат да се променат денеска, во последниот ден од преодниот рок.

Неколку извори од Шпанија пренесуваат дека „каталонците“ сакаат да го ангажираат Софијан Амрабат. Идејата е фудбалерот од средниот ред да пристигне на позајмица со опција за перманентен трансфер.

Софијан Амрабат го привлече вниманието на неколку клубови откако имаше одличен настап на мундијалот во Катар и се најде во најдобриот тим на СП 2022.