Бабунски по средбата со неговиот брат крај аут-линијата: Фудбалот продуцира чуда! (ФОТО)

Изминатиот викенд во Втората јапонска фудбалска лига се случи нешто навистина ретко. Браќата Давид и Доријан Бабунски влегуваа во игра како замени во исто време на натпреварот помеѓу Омија и Мачида.

Давид игра за Омија Ардија, додека Доријан за Мачида. Двајцата беа крај аут-линијата во исто време за да влезат во игра, па имаше несекојдневен момент на фудбалските терени. Тие прво се прегрнаа меѓусебе па со своите соиграчи на чие место влегоа во игра.  

„Колкави се шансите да се случи нешто вакво? Понекогаш фудбалот продуцира вистински чуда! Јас сум благодарен што го доживеав еден од најдобрите моменти во мојата кариера. Те сакам брате“, напиша Давид на „Твитер“.