Фудбалерите на Ривер плејт и Бока јуниорс ги имаа првите тренинзи во Мадрид, каде што ќе го играат реваншот од финалето во Копа Либертадорес.

Познато е дека во Мадрид и Шпанија живеат многу Аргентинци, а сите тие кои ги сакаат аргентинските гиганти се потрудија да добијат билет и да направат одлична атмосфера пред дуелот.

Навивачите ги пречекаа своите миленици, па почнаа да ја „загреваат“ атмосферата, но најверојатно нема да има инциденти како во Буенос Аирес бидејќи шпанските власти ангажираа 2.500 полицајци од Аргентина.