Аргентина и Холандија поставија светски рекорд по бројот на жолти картони на меч на СП!

Аргентина и Холандија одиграа мундијалско класико по шести пат, а само две пресметки имале повеќе дуели на Бразил со Шведска и Аргентина со Германија (по седумпати), но вчерашниот меч во тричасовното епско четвртфинале влезе во светската историја.

Аргентинците и Холанѓаните се „испотепаа“ во пресметката на која судијата Матху Лахос покажа дури 16 жолти картони и еден црвен, што е нов рекорд и го надмина досегашниот со 12 жолти картони од финалето на СП 2010 година на кое Шпанија ја победи Холандија по продолженија со 1-0.

За Аргентина жолти картони добија Маркос Акуња, Карлос Ромеро, Лисандро Мартинез, Леандро Паредес, Николас Отаменди, Лионел Меси, Гонзало Монтиел и Герман Пизела од фудбалерите, како и селекторот Лионел Скалони и неговиот помошник Валтер Самуел. Вкупно 10 за Аргентина.

За Холандија пожолтеа Јуриен Тимбер, Воут Вегхорст, Мемфис Депај, Стевен Бергхус, Стевен Бергвајн, а два жолти и црвен потоа доби Дензел Думфрис, како и Ноа Ланг во пенал-рулетот. Вкупно седум жолти плус црвен картон.

Инаку рекорд досега на СП во Катар беше пресметката на Србија со Швајцарија (2-3) во третото коло со 11 жолти картони.