Аргентина го растури Мексико, Лаутаро постигна хет-трик за само 22 минути! (ВИДЕО)

Аргентина беше подобра од Мексико во пријателски меч, а во победата на „гаучосите“ најдобар беше Лаутаро Мартинез кој постигна хет-трик.

Мартинез имаше навистина одличен настап, кој го заврши со три гола, а четвртиот го постигна Леандро Паредес од пенал.

Мартинез стана првиот фудбалер на Аргентина, кој во дуел со Мексико постигна хет-трик уште од 1930 година.

На Мартинез за хет-трикот му беа потребни само 22 минути.