Аргентина без два важни играчи против Хрватска поради – суспензии

Аргентина обезбеди полуфинале против Хрватска кое ќе го игра во вторник од 20 часот, но Лионел Скалони нема да може да смета на два важни играчи од составот поради два жолти картони, кои синоќа ги добија неговите фудбалери против Холандија во четвртфиналната пресметка.

Маркос Акуња ќе мора да го прескокне мечот со Хрватска поради два жолти картони, еден со Австралија и сега со Холандија, а овој фудбалер е стартер во формацијата на левокрилната позиција. Повеќе од јасно е дека Николас Таљафико ќе биде неговата замена, кој беше стартер на почетокот на СП, но потоа го загуби местото на офанзивниот и претемпераментен Акуња, инаку човекот што го изнуди пеналот вчера со „лалињата“.

Вториот на кој Скалони нема да смета е Гонзало Монтиел, десниот бек на Аргентина и фудбалер на Севилја, кој беше еден од пожолтените против Холандија. Монтиел не е првотимец, зашто таа позиција е за Нахуел Молина, но редовно е алтернатива за десниот бек на Атлетико Мадрид досега на СП.

Скалони со ова останува само со по една опција на левата и десната бековска позиција.