Араухо се повреди, неговиот брат го нападна уругвајскиот селектор (ФОТО)

Уругвајскиот дефанзивец, Роналд Араухо заработи повреда на само неколку дена пред почетокот на Светското првенство поради што мораше да отпатува во Шпанија.

Дефанзивецот е веќе во Шпанија каде што потврди дека има повреда поради која ќе мора да пропушти натпревари на Мундијалот.

„Имам мала повреда и заминав на третман кај мојот доктор на кого му верувам. Третманот треба да биде брзо завршен и може да се изведе само тука. Во овој момент не можам да кажам за кој натпревар ќе биде подготвен“, изјави Араухо.

Поради повредата на социјалните мрежи се огласи и братот на Араухо кој го нападна селекторот, Марсело Биелса.

„Благодарам што ги повредувате фудбалерите само неколку дена пред почетокто на Светското првенство“, стои во неговата објава на социјалните мрежи.

На Мундиајлот Уругвај ќе игра во група со Саудиска Арабија, Зеленортски Острови и Шпанија.