Aнри ужива да гледа еден фудбалер: Навистина е предобар!

Легендарниот напаѓач, Тиери Анри во разговор за „Спорбибл“ не криеше дека е воодушевен од Ламин Јамал кого обожава да го гледа.

Јамал иако се уште не е полнолетен и има само 17 години прикажува одлични настапи и уште сега е еден од најважните фудбалери на Барселона, а исто така го освои и Европското првенство со Шпанија.

„Ќе ви кажам зошто најмногу уживам да го гледам Јамал. На теренот покажува неверојатна зрелост, едноставно е предобар. Ќе ви објаснам. Шпанија води 2-1 против Франција во полуфиналето на Европското првенство, Унаи Симон ја фрла топката кон него, а тој ја смирува со надворешниот дел од копачката, погледнува горе и може да оди „еден на еден“ со Тео Ернандез. Млад е, веќе постигна гол.

Кој би му кажал нешто ако одеше „еден на еден“? Беше тоа околу 60. минута. Се сврте назад кон своите играчи и им кажа „Смирете се“. Си помислив, ти тоа го правиш на овие години во полуфинале на Светско првенство. Едноставно голот можеше да го понесе и никој не би му замерил, меѓутоа тој покажа дека е едно друго ниво и дека поинаку размислува“, изјави Анри.