Англија против Сенегал во осминафинале – Рашфорд го достигна Боби Чарлтон (ВИДЕО)

Манчесѕтер јунајтед после 56 години дочека свој фудбалер да даде три гола на Светско првенство, откако Маркус Рашфорд погоди вечерва двапати за „Гордиот Албион“ да го суреди Велс во островската пресметка на СП во Катар и да го завери првото место во групата Б, а со тоа и да закаже пресметка во недела од 20 часот против Сенегал во осминафиналето.

На Англија ѝ требаше бод за сигурен пласман во нокаут фазата, а Велс одолеваше едно полувреме, по што набрзина Англичаните за нецели две минути во периодот од 50-та до 52-та да ја обезбедат победата, а Рашфорд сѐ најави со мајсторски гол од слободен удар, продолжи Фил Фоден со рутинска реализација, за напаѓачот на Јунајтед со втор гол во 68-та да стави печат на победата.

Уште од СП 1966 година кога Англија стана светски првак и тоа е единствениот фудбалски трофеј, Рашфорд го достигна легендарниот Боби Чарлтон по број на голови на едно СП како фудбалер на Манчестер јунајтед. Еден даде со Иран во убедливата победа со 6-2, а денеска првпат како стартер додаде два и најави битка за „златната копачка“ на овој Мундијал.

За разлика од Англија, Велс кој првпат по шест децении игра на СП, се покажа како една од најслабите селекции на Мундијалот, веднаш зад ужасниот домаќин Катар.