Алвес се врати на социјалните мрежи и најави: Добри времиња доаѓаат (ФОТО)

По подолго време Бразилецот, Дани Алвес се врати на социјалните мрежи.

Алвес кој беше осуден за силување на затворска казна од четири ипол години беше пуштен со платен кауција од еден милион евра.

Обвинителството се жалеше на таквата одлука, но откако жалбите беа одбиени, Алвес и дефинитивно остана на слобода.

Иако е на слобода, Алвес не смее да ја напушти Шпанија и мора да се јавува во судот секој петок. Сега тој одлучи да го активира својот профил на Инстаграм со негова фотографија и порака:

„Добри времиња доаѓаат“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Daniel Alves (@danialves)