Алиоски напиша историја во С. Арабија – никогаш немало поефектен бек од Џани (ФОТО)

Македонскиот репрезентативен лев бек Езџјан Алиоски се запиша во историјата на фудбалот во Саудиска Арабија после првата сезона за својот Ал Ахли, откако станал прв фул-бек кој успеал во една сезона учествувал директно во 14 погодоци.

Алиоски имаше асистенција на последниот меч со Ал Батин и тоа за него беше осма сезонава, покрај шесте гола кои ги има дадено, па севкупно директно учествувал во 14 погодоци на својот тим, нешто што не се случило од ниту еден бек во историјата на професионалната лига во Саудиска Арабија, инаку земја учесник на претстојниот Мундијал во Катар.

Колкав е директниот ефект на Алиоски најдобро говори и податокот дека повеќе од третина од вкупниот број на голови на Ал Ахли се директна заслуга на популарниот Џани, зашто саудискиот клуб од Џеда сезонава на 26 меча има само 35 дадени голови.

Алиоски во Англија имаше две сезони со по 12 директни учества во голови на својот Лидс, седум гола и пет асистенции во две сезони во Чемпионшип, а убедливо најдобра сезона му е таа во швајцарски Лугано во 2016/17 кога имаше невиден ефект од 16 гола и 12 асистенции после што се продаде во англискиот премиерлигаш.

Ал Ахли е деветопласиран на табелата со 29 бодови, а македонскиот репрезентативец го зема ланското лето како слободен играч после четири години во Лидс за пет милиони евра за две сезони и според последните најави од Арапскиот полуосторв, овој клуб нема намера да го продаде левиот бек и покрај огромниот интерес од европските клубови и досега сите понуди ги одбиле Саудијците.