Зидан е најголем губитник на мечот во Кардиф: Модриќ и Бејл се повредија!

Предводникот на Реал Мадрид, Французинот Зинедин Зидан, е најголемиот губитник на вечерашниот натпревар меѓу Велс и Хрватска, кој се одигра во Кардиф.

Француски стручњак лесно може да остане без двајца важни фудбалери на неговиот тим, кои вечерва беа на спротивните страни.

Лука Модриќ заврши во носилка во финишот од натпреварот по еден старт на противничкиот фудбалер и се чини дека неговата повреда е многу сериозна, а во наредните денови ќе се утврди колку сето тоа изгледаше сериозно за играчот на Реал.

Од друга страна, ниту Герет Бејл на добар начин не го заврши мечот. Тој кривеше во поголемиот дел од натпреварот и се претпоставува дека се работи за повреда.

Реал игра натпревар против Мајорка следниот викенд, а седум дена подоцна ќе ги одмери силите со најголемиот ривал, екипата на Барселона.