„Во Македонија доаѓаме на - сè или ништо“!

Словенија денеска попладне ќе допатува во Скопје за утрешниот седми евроквалификациски меч против Македонија на Националната Арена „Тодор Проески“ во меч во кој победата е императив за двете селекции, за да се задржи курсот кон пласман на Евро 2020.

Словенците во страшна форма после две големи победи минатиот месец ни доаѓаат на гости со желба да ја продолжат победничката серија и да го направат првиот исчекор кон континенталниот собир, а потоа да се надеваат дека со триумф против Австрија практично ќе го заверат тој пласман на ЕП. Но, колку што Словенија се надева на триумф, исто така се надева и Македонија, зашто победата ѝ е неопходна за да влезе во пеколна завршна трка, поради трите бода негатива моментно зад второпласираните Словенци.

„Одиме во Македонија на сè или ништо! Оптимисти сме, полни со самодоверба. Долго врмее чекавме да влеземе во победнички ритам. Сега сакаме шест бода од двата меча овој месец, но одиме прво чекор по чекор. Само го глава ни е дуелот со Македонија. Тоа што ме радува е што сите во репрезентацијата играме стандардно, даваме голови и тоа е многу важно, еден голем плус“, вели Бенјамин Вербич, херојот од септемвриските квалификации.

Вребиќ беше човекот што го реши Израел. Даде два гола, од кои вториот во 90-та минута за победа со 3-2. На „Стожице“ во Љубљана, во март годинава, одигра 84 минути против Македонија во ремито 1-1.

„Знаеме која е Македонија, дека има одлични индивидуалци. Тој меч во Љубљана беше израмнет, а Македонија исто така можеше да победи. Но, ние сега во Скопје не доаѓаме по некаков реванш или одмазда, туку по три бода кои се многу важни“, додава Вребич.