Тројца членови на македонската репрезентација во изолација во Талин - еден е фудбалер!
Сите членови на македонската репрезентација добија негативни резултати по тестирањата направени во лабораторија на УЕФА, но на најновите тестирања тројца членови на селекцијата биле сомнителни за ковид-19, додека останатите 38 се негативни.
Овие три лица, еден фудбалер, еден член н а стручниот штаб и еден од техничка служба чии имиња не се откриваат, ќе мора да бидат изолирани во хотел.
Македонија, исто така, на натпреварот нема да може да смета на Егзон Бејтулаи, Висар Муслиу и Аријан Адеми.