
Трападона: Се надевам дека Милевски гледа колку добро играме со Бабунски во Шкотска!
Зад Бабунски се 15 настапи во дресот на Македонија, додека Трапановски се уште нема дебитирано за најдобриот национален тим, поради што се надева дека селекторот Благоја Милевски добро ги следи нивните игри во шкотскиот тим.
„Првпат играм во ист тим со Давид, кој е одличен фудбалер за што доказ се и десетте години минати во Барселона. Верувам дека вака заедно ќе играме за Македонија. Се надевам дека селекторот Милевски будно ги следи натпреварите на Данди за да види во колку добра форма сме двајцата“, изјави Трапановски.
Шкотска во последно време станува ветена земја за македонските фудбалери, со оглед што освен двоецот во Данди таму играат уште и Бојан Миовски за Абердин и Давор Здравковски за Мадервил.