„Среќен сум што заиграв за Македонија, а уште посреќен ќе бидам ако се пласираме на Евро 2020“

Минатата година по многу нешта ќе ја паметиме кога е во прашање фудбалот. Елиф Елмас стана најскапоплатениот македонски фудбалер, кој од редовите на Фенербахче премина во Наполи за сума од околу 16 милиони евра, плус бонуси. Но, по неговите стапки тргна и Влатко Стојановски, кој минатата сезона беше најдобар стрелец во домашното првенство, а тоа придонесе да направи трансфер во редовите на француски Ним.

За неговите услуги клубот мораше да одвои 1.5 милиони евра, што го направи најскапоплатен фудбалер кој направил трансфер од Првата македонска лига. Тој во првата полусезона успеа да се запише и во листата на стрелците во Првата француска лига и тоа на својот деби настап за Ним.

Годината што измина ќе ја паметам по многу добри работи. Успеав да завршам како прв стрелец во домашното првенство, а потоа направив трансфер во Франција. Чуството да се биде дел од една од најдобрите пет лиги во која има голем број врвни играчи е одлично. Тоа е мотив плус за мене, истакна Стојановски.

Македонскиот напаѓач откри дека се прилагодил на животот во Франција, а воедно бил одлично прифатен од клубот.

Тука животот е лесен за прилагодување, а воедно и од клубот одлично ме прифарија. Прв пат кога влегов во соблекувалната на Ним, се ми изгледаше цудно, бидејки запознаваш нови личности и нови карактери. Што се однесува до првиот гол за Ним, не може со зборови да се опише. Бев пресреќен... Почувствував некоја леснотија, а тој притисок кој го чувствував се намали и сега се ми е полесно. Како да ми падна камен од срце, додаде македонскиот репрезентативец.

Стојановски исто така дебитираше и за националниот тим, а Македонија има идеална можност преку мартовските натпревари во Лигата на Нации да се пласира на ЕП 2020 година. „Црвено - жолтите“ во полуфиналето од ова натпреварување ќе ги одмерат силите против Косово, меч кој ќе се одигра на Националната Арена „Тодор Проески“, а потоа со евентуален пласман во финалето ќе игра со подобриот од Грузија и Белорусија. 

Чест е да се носи дресот на својота држава. Среќен сум што добив повик за настап во А - репрезентација, а дадената можност ја искористив со гол на деби натпреварот. Сонував дека еден ден ќе заиграм за Македонија, дека ќе го облечам црвено-жолтиот дрес со најубавиот грб на светот, а ќе бидам уште посреќен доколку се пласираме на следното европско или некое следно светско првенство. Факт е дека го заслужуваме тоа, заврши Стојановски.