Спортклуб се опамети: Мечот со Ерменија ќе го гледаме со коментар на – македонски!
Реакциите во македонската јавност за ваквата неприродна ситуација беа бурни, пред сe на социјалните мрежи. Делумно и поради тоа, овој преседан најверојатно ќе остане и единствен, откако челниците на Спортклуб, кој ги има правата за преноси на нашата селекција, се опаметиja и средиja веќе од следниот меч да има - македонски коментатор.
Според нашите информации, од неделниот дуел на домашен терен против Ерменија, преносот на спортската телевизија, која се гледа на просторот на поранешна СФР Југославија, ќе биде на јазикот на кој и мора да биде – на македонски. Оваа пракса ќе продолжи за сите останати средби на Македонија во Лигата на нации, без разлика дали ќе се играат на домашен или на теренот на противникот.
Работите да бидат и поинтересни, најавите се дека дуелот Македонија-Ерменија ќе биде пренесуван со македонски коментар и во останатите земји од екс-СФРЈ, каде што се гледа Спортклуб. Тоа воедно ќе биде голема шанса за промоција на нашиот јазик и држава, што сигурно доаѓа како своевидна компензација за синоќешниот срам кога моравме да слушаме туѓ јазик додека на теренот беше нашата фудбалска гордост.