Спировски официјално претставен во Ференцварош
Спировски во Ференцварош доаѓа од Вардар со кој успеа да обезбеди историски пласман во Лига Европа, но поради неговиот истек на договорот во јануари, во взаемна согласност, црвено-црните му излегоа во пресрет да направи трансфер пред истекот на договорот. Ференцварош е трет интернационален клуб за Спировски, поранешниот фудбалер на Пелистер и на Работнички, затоа што претходно играше во српски Борац Чачак, како и за бугарски Берое.
„Се чувствувам прекрасно, ова е нов предизвик за мене. Посакувам да ги израдуваме навивачите и да постигнеме добри резултати со клубот“, рече Спировски.
Фудбалерот за врска е стандарден репрезентативец на Македонија, а и сега е на списокот на 23 играчи за претстојните квалификациски мечеви со Израел в сабота и со Албанија идиот вторник.