Спировски: И бод од Виена би бил добар за нас!
Црвено-жолтите ги загубија шансите за директен пласман на Евро 2020, па сега имаат шанса барем со најдобар пласман во едни квалификации (трето место) да го завршат циклусот и во најдобра атмосфера да го дочекаат мартовскиот бараж преку Лигата на нации, кога ќе се брка историскиот настап на континенталниот шампионат низ Европа.
„Додека имаме шанси ќе се бориме за пласман на големото натпреварување, а наше е да излеземе на теренот и да ги искористиме шансите кои ќе ги добиеме. Ќе се обидеме против Австрија да ги искористиме нашите шанси, а треба да бидеме компактни и да дадеме максимум. Нема што да загубиме, јас би бил презадоволен со победа, ама и бод од Виена мислам дека ќе биде добар резултат за нас“, вели Спировски.
Македонија денеска со последниот тренинг ги заокружува подготовките во Скопје и утре наутро заминува за австрикста престолнина, каде ќе го има последниот тренинг пред саботниот меч со Австрија, која очекува заверка на пласманот на континенталниот шампионат.