
Скопската арена конечно добива врвен „тепих" (ФОТО)
Процесот кој почна на стартот на месец октомври сега и на голо око покажува врвни резултати, бидејќи уште недоместен новиот слој трева изгледа импресивно. Станува збор за хибридна трева, мешавина од вештачка и природна, која треба да има многу поголем животен век, од досегашната, исклучиво природна.
Ова е прво целсоно менување на тревната подлога на најголемиот фудбалски стадион во Македонија, по 2012 година, а се врши во колаборација меѓу АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката и Фудбалската федерација на Македонија. Проектот е донација од ФФМ, преку УЕФА и се проценува дека вреди 400.000 евра.
Арената „Тодор Проески“, за жал, излезе во повеќето европски и сите италијански медиуми со својот потпросечно лош изглед, пред натпреварот Македонија - Италија, на 9 септември. Тоа веројатно го катализира процесот за ставање нова подлога, на време за мечот Македонија - Англија, на 20 ноември.