Роналдо ова лето може да собори два феноменални рекорда!

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Португалецот Кристијано Роналдо, има шанса сезоното лето да собори два рекорда, а истите се однесуваат на репрезентацијата на Португалија.

Со првиот редкорд тој може да стане најдобриот стрелец кога се во прашање националните тимови, бидејќи моментно има 99 гола, а потребни му се уште единаесет за да го мине легендарниот Али Даи. Со оглед на тоа дека ова лето ќе се одиграат неколку пријателски натпревари и Европското првенство, за очекување е тој да дојде до оваа бројка.  

Покрај тоа, тој има можност да стане најдобар стрелец во историјата на Европските првенства. Тој во моментов го дели првото место со француската легенда Мишел Платини бидејќи и двајцата имаат по девет гола.

Инаку, Португалија е во „група на смртта“ заедно со Германија, Франција и еден од победниците во плејофот од Лигата на Нации, како на пример селекцијата на Македонија. Нашата селекција игра во плејофот во Лигата на Нации, каде што во мартовското полуфинале ќе ги одмери силите против Косово, а со евентуелен пласман во финалето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Грузија и Белорусија. Доколку „црвено - жолтите“ успешно ги минат двете пречки, притоа Романија се квалификува на континенталниот собир, нашата селекција би можела да се пласира токму во „групата на смртта“.