
Романски новинари во „инспекција“ на скопската Арена: Ужас! Теренот е жален и нерамен!
Македонија после две ремија ја пречекува Романија во обид да се врати во сериозната игра за второто место што води во баражот за СП, а гостите доаѓаат полни со самодоверба после врзаните две победи, па за еден од најпознатите спортски медиуми во Романија, „Газета Спорурлор“ објави слики и текст од ужасната состојба на тетенот каде утревечер ќе се игра мечот.
„Македонија и Романија ќе играат за второ место во групата на – жален терен. Направивме увид на Арената и што да видиме. Теренот нерамен, тревата со 'џумки', а пред головите нема ни трева, само песок“, пишува „ГСП“.
Од еден од вработените на Арената, кој го начекале на стадионот во пресрет на мечот, добиле објаснување дека теренот не може ни да биде во подобра кондиција зашто има премногу мечеви на него.
„Тука играат Вардар и Работнички, многу мечеви се играат, квалификации, домашно првенство, европски купови... Во овие услови, колку и да се обидуваме, едноставно теренот не може да биде префектен. Нема шанси за такво нешто“, им рекол вработениот на Романците.
На теренот уште пред повеќе од една година се пожали актуелниот капитен Стефан Ристовски, кој посочи во таа трка за пласман на Европското првенство, дека „поставуваме високи цели да играме на Европско, а на домашен терен условите се повеќе од очајни за игра“.
Целата фото-репортажа на романски „ГСП“ за македонската „убавица“ која пред четири години беше домаќин на Суперкупот на Европа може да ја погледнете ТУКА.