Ристовски: Не сум спремен, ама тука сум да дадам колку можам!

Македонскиот репрезентативен десен бек Стефан Ристовски нема одиграно ниту еден меч од јуни наваму, откако на стартот на подготовките за новата сезона се повреди и паузираше сè до пред една недела, кога се врати во полн ритам на тренинзите на Спортинг Лисабон. Ристовски е на списокот на Македонија за квалификациските мечеви со Словенија и Полска, но прашање е колку е подготвен да одигра на највисоко ново.

Десниот бек призна дека не е најподготвен, но дека е тука за да даде колку може за да се оствари целта и Македонија да отане во таа трка за Евро 2020.

„Поина долг период од мојот последен меч со Австрија. Се повредив на првиот ден од подготовките и со само една недела тренинзи јас мислам дека можам да издржам, ама теренот ќе покаже колку сум подготвен. Ова се мечеви на кои се бара одговорност, физичка подготовка. Јас ќе се обидам да издржам до последната секунда додека играм. Факт е дека не сум спремен, но тука сум да помогнам и да дадам колку можам. Нè чекаат два исклучително тешки мечеви, со сериозни селекции и позитивно е што сме во игра, имаме шанси, но да не одиме далеку. Прво да се подготвиме за Словенија и да покажеме дека можеме“, вели Ристовски.

Тој додаде дека в фудбалот брзо се менуваат работите и дека секој меч е нова приказна, но посочи дека цел ден може да зборуваат за мечот, ама сепак теренот е таму каде што треба да покажат дали се кадарни да успеат.

„Од тој меч со Словенија помина многу, во фудбалот брзо се менуваат работите, се менуваат играчите, но ние сме тука да анализираме каде сме грешеле, што треба да поправиме. Секој меч почнува од почеток, со голема концентрација, со одговорност, дисциплина, желба за успех. Но, ние може до утре да зборуваме, ама тоа на терент треба да го покажеме“, додава Ристовски.