Репрезентативецот Столе Димитриевски добитник на највисокото признание на Општина Куманово
Наградата, заедно со останаите лауерати, му беше доделена денеска, на денот на ослободувањето на Куманово, 11 ноември и тоа за посебни достигнувања и промоција на градот.
„Димитриевски има одиграно повеќе од 70 натпревари за македонската репрезентација, меѓу кои и на Европското првенство во 2021, каде што особено се истакна со своите маестрални одбрани“, потенцираа на доделувањето.
Димитриевски неколку години е прв голман на македонската фудбалска репрезентација, до лани беше член на Рајо Ваљекано, а летоска направи трансфер во Валенсија.