Притворен Данчо Масев, директорот на фудбалскиот А-тим!

Поранешниот фудбалер Данчо Масев, кој беше поставен за директор на фудбалската А-селекција на Македонија, пред една недела завршил зад решетки, објави „Слободен печат“.

Масев се наоѓа во притвор, а според неофицијални информации од „Слободен печат“, истиот е поврзан со криминалната група на Раде Трајковски - Штекли, кој претходно беше уапсен од полицијата поради сомнение за трговија со дрога.

Бившиот играч во кариерата го носеше дресот на Беласица, Вардар, Работнички, Хоризонт Турново и други екипи, а беше и македонски репрезентативец.

Масев пред два месеци беше именуван и за директор на фудбалската А-репрезентација на Македонија.