Португалците прават фешта: Македонија ќе ја пречекаат 50.000 знамиња (ФОТО)

Стадионот „Драгао“ во Порто ќе биде исполнет до последното место за финалниот бараж натпревар за пласман на Светското првенство помеѓу Португалија и Македонија. 

Сите билети беа продадени во рок од неколку часа откако беа пуштени во продажба. Тоа значи дека Македонија ја очекува пеколна атмосфера, бидејќи стадионот собира нешто повеќе од 50.000 гледачи. Организаторот подготвува специјална кореграфија и за секој навивач ќе има по едно португалско знаме.

Македонија нема да биде без подршка, бидејќи се очекува да има околу 1.500 Македонци на трибините на „Драгао“.