Вријат навивачите на Милан: Интер подготвува сензационална понуда за Донарума
Италијанските медиуми тврдат дека Интер сака да го види репрезентативниот голман во своите редови и веќе планираат како ќе му пристапат на ПСЖ чиј член е Донарума во моментов. Сезонава прв голман на Интер е 36-годишниот Јан Зомер кој е далеку од ланската форма и јасно е дека во клубот сакаат долгорочно решение за оваа позиција.
Договорот на Донарума со ПСЖ истекува во 2026 година, а преговорите околу неговото продолжување не одат според очекувањата. Тука е и шансата на Интер кој може за релативно мала отштета да дојде до потписот на 26-годишниот голман.
Претставници на Интер веќе имале првични контакти со Донарума за да видат какво е расположението кај него. Ако трансферот се оствари, дури тогаш ќе збеснат фановите на Милан.