Јокиќ се врати со брутален трипл дабл, Вестбрук му помогна за историски потфат (ВИДЕО)
Неговиот тим славеше против Бруклин со 124-105, а српскиот ас постигна 35 поени, 15 асистенции и 12 скока. Голем придонес во победата имаше и Расел Вестбрук кој исто така оствари трипл дабл, со 25 поени, 11 скока и 10 асистенции и двајцата кошаркари на Денвер влегоа во историјата на НБА лигата. Тие го сочинуваат првиот тандем кој на повеќе од еден натпревар во една сезона заедно остварил трипл дабл бидејќи ова е втор таков меч сезонава.
Што се однесува до натпреварот, Бруклин се одржуваше во игра до средината на втората четвртина кога и најчесто беше во водство. Потоа Денвер ја презеде контролата над резултатот, во третиот период поведе со 21 поен разлика и до крајот не му дозволи на противникот да ја загрози победата.
Во екипата на Бруклин се истакна Џонсон со 22 поена, Мартин додаде 19, а Клауни 14. Денвер останува на четвртата позиција на Западот, додека Бруклин е 12-пласиран на Истокот и синоќа го претрпе четвртиот пораз во низа.
РЕЗУЛТАТИ
Индијана - Голден Стејт 108-96
Орландо - Милвоки 106-109
Филаделфија - Њу Орлеанс 115-123
Бостон - Сакраменто 97-114
Њујорк - Оклахома 101-126
Чикаго - Вашингтоон 138-105
Денвер - Бруклин 124-105