Премиерлигашка ѕвезда уапсена среде тренинг!
Фудбалерот е уаспен под обвинение дека снимал сексуален однос со девојка без нејзина дозвола. Засега името на клубот и фудбалерот не се откриваат.
Апсењето се случило среде тренинг на тимот, а соиграчите прво помислиле дека се работи за некаква шега.
Полицијата одземала и два телефони за испитување, меѓутоа не се пронајдени спорните снимки. Фудбалерот бил задржан пет-шест часа во полиција пред да биде пуштен поради недостиг на докази.