Полска го завери првото место во групата

Селекцијата на Полска го победи Израел, нашиот следен противник во вторник со 2-1 на гостувањето вечерва за Полјаците да го заверат првото место во групата, зашто со три бода повеќе од Австрија и подобар меѓусебен скор не може да бидат симнати од таа позиција.

Полска до победата дојде со голови на Криховијак и Пјонтек, а Мунас Дабур на две минути пред крајот погоди само за почесен гол за Израел, кој останува со 11 бода, како и Македонија пред меѓусебната пресметка на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје за три дена.

Словенија едвај ја победи Летонија со 1-0 за да избие на третото место, па сега на едно коло пред крајот Полска има 22 бода, Австрија има 19, Словенија 14, Макеоднија и Израел по 11, а Летонија е без бод. Полска има победа и реми со Австрија, па со тоа, го завери пласманот на првото место.