Подобро да игравме без голман: Димитриевски и - 3-0 за Ерменија! (ВИДЕО)

Столе Димитриевски го игра најужасниот натпревар во својата кариера, откако направи три неверојатни кикса по кои Ерменците дојдоа до убедливо водство од 3-0 во рамки на 4.коло во Лигата на нации.

Нашиот голман кумуваше на головите во 12-тата минута, потоа 67-та минута, а на крајот и во 81-та минута. Газаријан шутираше од слободен удар од преку 25 метри, топката одеше по земја по средината од голот, каде што беше поставен Димитриевски, но со неверојатно лоша интервенција самиот си ја смести топката во мрежата.