Пандев за историја – најстар фудбалер кој ѝ дал гол на Германија (ФОТО)

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, кој е рекордер по број на настапи и голови за нашата национална селекција вечерва влезе во историјата и тоа на Германија – стана најстариот фудбалер кој му дал гол на „елфот“.

Досегашниот рекордер беше Ханс Нордал, кој против Германците дал гол на 35 години во далечната 1953 година. Сега Пандев во Дуизбург ја шокираше Германија во судиското надополнување во првиот дел, за Германија да го запамети добро нашиот капитен.