Пандев: Елмас е нашиот најголем бисер и иднина на репрезентацијата

Македонија славеше со 2-1 против Словенија во Скопје во квалификациите за Евро 2020, а Горан Пандев одигра добар меч за нашата селекција и му асистираше на Елиф Елмас при првиот гол.

Пандев кажа дека е задоволен од прикажаното на теренот и вели дека Македонија заслужила три бода.

„Одигравме еден одличен меч, тактички бевме многу добри, ги чекавме нашите шанси и заслужено победивме. Создадовме многу шанси, меѓу кои и од контри и полуконтри, а притоа ги затворивме во одбрана и успеавме да освоиме заслужени три бода“, вели Пандев.

Исто така, Пандев кажа дека Елмас е најголемиот македонски бисер и тој е иднина на оваа репрезентација.

„Елиф е нашиот најголем бисер. Како што кажав и претходно, Елиф е нашата иднина и треба да ја понесе нашата репрезентација како и вечерва. Исто така, сакам да се заблагодарам и на публиката, која вечерва беше 12 играч“, кажа македонскиот репрезентативец.