
Омерагиќ и Пандев купија 400 билети за мечот против Велс
На трибините на Националната Арена „Тодор Проески“ утре се очекуваат околу 20.000 навивачи, а вкупно 400 билети заедно купија претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ и спортскиот директор Горан Пандев.
Натпреварот меѓу Македонија и Велс од второто коло во квалификациите за СП 2026 е закажан за утре од 20.45 часот.